... секогаш понапред од другите

Компанијата Спајдер - Нет е основана 2001 како прв, локален, кабелски и интернет оператор. Своето долгогодишно постоење го темели на максимална посветеност во следењето и усовршувањето на сите технолошки новитети коишто излегуваат на пазарот, се со цел овозможување квалитетна услуга за своите претплатници.

Основната дејност на компанијата е пренос на електронски комуникации од областа на интернет, кабелска телевизија и фиксна телефонија. Нашата мрежа (хибридна оптичка коаксиална мрежа која работи врз база на оптички еуродоксис интернет) е доста распространета, што значи покриеноста го опфаќа градот - Гевгелија заедно со селата Негорци, Мрзенци и Богородица, како и Богданци и Стојаково.

Основната структура ја сочинува мрежа од оптички кабли во должина од преку 150 км. Најновата услуга ftth (fiber to the home) која ја отпочнавме 2013 година го достигна самиот врв во телекомуникациските стандарди.

Нашите услуги ги користат меѓудругото и голем број на компании како општествени така и приватни – производни, транспортни, шпедитерски, услужни и угостителски објекти. Најголемите овозможувачи на интернет проток во земјата се и наши добавувачи – ТЕЛЕСМАРТ, T-Home и НЕОТЕЛ кои истовремено не снабдуваат со основна и back-up линија. Гаранцијата за користење квалитетна on-line комуникација е 99,8%.

Симетричен оптички интернет пристап е сервис кој нуди дигитална перманентна point-to-point комуникација и симетрична (upload/download) физичка конекција од деловодниот клиент до Спајдер-Нет и обратно. Оваа услуга има за цел да ги задоволи потребите на клиентот за неограничен симетричен интернет проток со статични IP адреси и преку структура со оптички влакна со гарантирани перформаси. Доцнењето кон најголемите интернет HUB точки (провајдери) во Виена, Франфурт и др. изнесува од 2-5 ms. Оптичкиот интернет дозволува непречен пристап на корисникот со брзини од 40, 50, 60 MBps па до повеќе од неколку GBps. Во случај на техничка повреда, времето за изведување на поправката би било од 15-30 минути бидејќи нашите служби ви се на располагање 24/7.

Нашите стручни и ажурни служби како и опремата, вклучувајќи и сопствено спојување (сплајсирање) на оптички кабли, коишто ги имаме како дел од сопствениот технички парк, во најголемиот број случаи не прави технички независни од надворешни помагатели, со што сервисот за комуникација го прави многу побрз и посигурен. Се разбира, тука ги вклучуваме и нашите дополнителни услуги за воспоставување на VPN (Virtual Private Network) мрежа на повеќе локации од градот, која ви дава апсолутна сигурност за пренос на вашите податоци. Нашата централа е резистентна на пад на електрична енергија која што е осигурана со современи UPS системи и инвертори кои даваат основ за непрекинато осумчасовно работење кое гарантира самостојност и независност како и енергетски генератори на течно гориво кои ја зголемуваат автономијата на подолг временски период.